|
Роден е на 17 декември во 1871 г. во с. Смилево,
Битолско. Своето образование го стекнал во Смилево, Битола и Солун
а потоа во Белград и Софија. Бил учител во Смилево (1891/92),
во Прилеп (1892/93), коректор на печатницата на Самарџиев во Солун
(1893), учител во Штип (1894/95, училишен инспектор во Солун и
пак учител во Битола.
Тој е иницијатор и учесник при формирањето на ВМОРО во Солун
на 23 октомври 1893 г. и е избран за секретар-касиер на Ц.К.,
но фактички тој е главниот раководител на организацијата во
внатрешноста. Во 1897/1898 г. е интерниран од Солун во Битола. Поради таканаречената
попставрева афера во Битола на 6 август 1900 г. е уапсен и осуден
на 10 г. затвор. Пролетта 1903 г. е амнестиран. На Смилевскиот
конгрес во април 1903 год. е избран за член на Главниот штаб
на востанието во Битолскиот револуционерен округ. После востанието
останува во Македонија и се зафаќа со обновување на разнишаните
основи на Организацијата. Во октомври 1905 г. учествува на Рилскиот
конгрес и е избран за член на ЦК на ВМОРО.
Загинува на 10 декември 1906 год., во борба со турска потера
кај с. Русиново, Малешевско. |